Запознајте ја Даки Тот, девојката која поради својот нереален изглед е нарекувана жива кукла.
21-годишната манекенка, која моментално живее во Њујорк, деновиве стана вистинска сензација, а со само еден поглед врз нејзините изразити црти, ќе сфатите зошто.
„Нема да верувам дека е реална сè дури не ја видам лично“, „Буквално мислев дека си Барби“, „Мислев дека си кукла, твојата кожа буквално блеска“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Даки потекнува од Јужен Судан, но своето детство го поминала во Австралија. Пред неколку години, таа беше учесничка во изборот за модели „Australia's Next Top Model“.