Почетна » Новости » Занимливости » Какви производи можат да се направат од био-отпад?

Какви производи можат да се направат од био-отпад?

Автор: Д-р Јана Клопчевска, Технолошко-Металуршки факултет, УКИМ, Скопје

Најчестиот начин на трансформирање на био-отпад (отпад од храна, фракции од животински цврст отпад или пак добиточна храна), е добивање на компост. Компостот како производ го подобрува квалитетот на почвата (плодност, порозност, задржување на водата и задржување на хранливи материи). Останати производи кои можат да се добијат од био-отпад се органски ѓубрива, производи со додадена вредност, односно нутритивни производи, биоцемент, биодизел, биогас или брикети за греење.

Во самите процеси на трансформација на биотопадот имаме разложување на сложените шеќери до прости шеќери. Протеините се користат за производство на амино киселини и млечна киселина со помош на бактерии кои или се наоѓаат во отпадот или се додаваат. Најчести продукти се масло од отпад од кафе, протеини, биопластика, биосолвенти, биоетанол, биојаглен и брикети за греење (Слика 1).

Philips LumeaСлика 1. Брикети за греење од отпад од искористен чај

Во светот, комерцијалениот отпад од храна може да се претводи во продукт со позитивна вредност преку иновативно решение за отпадоци од храна. Едно иновативно решение е развој на производи преку анаеробен дигестор, наречен “Waste Transformer”. Toj може да се поставува до компании или во заедници кои произведуваат отпад од храна. Биоразградливиот отпад, како што е кујнскиот отпад и комерцијалниот отпад автоматски се претвора во биогас или електрична енергија и топлина. Отпадот од храна се претвора во течно природно ѓубриво подготвено да ги замени (загадувачките) вештачки ѓубрива. Постојат и преносни или подвижни машини или трансформатори за био-отпад кои рециклираат и до 300 килограми отпад од храна дневно.

Во ново Отворената Градска лабораторија во перидот од крајот на 2022 до денес се изработија над 40 прототипи од био-отпад од страна на претставници на различни индустрии, како и предлози за користење на био-отпад за самите индутрии. Најинтересни беа козметиката со антимикробни дејства од отпад од тутун, капки за очи од отпад од тартуфи, прав за креми од оптпад од калинка со “antiaging effect”, потоа екстракти од отпад од бор, биопластика од отпад од компир, банана и портокал, цврст парфем и паста за заби од кора од портокал, лабело од отпад од цвекло, суплементи од коски од кокошка и слично.

Philips LumeaСлика 2. а) Биокожа од отпад од комбуха, б) цврст парфем од кора од портокал и в) креветче за миленичиња со отпад од ориз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.