Почетна » Новости » Занимливости » Зоран Кардула апелира на учениците да им се објасни дека меѓу нив има различни деца кои се подеднакво важни

Зоран Кардула апелира на учениците да им се објасни дека меѓу нив има различни деца кои се подеднакво важни

Непосредно пред почетокот на новата учебна година, македонскиот уметник и активист Зоран Кардула преку Facebook испрати апел до просветните работници да им објаснат на нивните ученици дека меѓу нив има различни деца.

Кардула е татко на 12-годишната Ерато, која има аутизам, и од сопствено искуство пишува дека училишната средина може да биде многу непријатна за децата со нетипичен развој. Тој вели дека сите наставници треба да одделат барем неколку минути од времето за настава за да ги научат децата на емпатија за „различните“.

Еве го неговиот апел, кој наиде на поддршка и охрабрување кај Министерот за образование и наука Арбер Адеми:

Зоран, Домника и Ерато

Направете го овој 1-ви септември различен

За една недела е 1-ви септември и би сакал еве јавно да упатам една молба до Министерот за Образование, молба од родител на дете со нетипичен развој и се надевам дека е во рамките на вашите ингиренции да упатите барање до сите просветни работници баш овој почеток на школската година да оделат барем неколку минути и на своите ученици да им објаснат дека меѓу нив има ученици кои се различни, ученици кои се со нетипичен развој и дека сите ученици се подеднакво важни и дека иако се тие различни не се помалку вредни.

Направете го ова за да им дадете малку кураж на родителите кои овој период се во агонија од мисли како своето дете кое е со нетипичен развој ќе се справи во новата средина, во средина која знае да биде многу непријатна (ова го пишувам од лично искуство а секако тоа искуство го почуствувале барем 90 % од родителите на овие деца).

Направете да знаат дека своето дете го праќаат во средина која е спремна да го прифати нивното дете и дека тоа дете ќе биде опкружено со емпатија и поддршка. Многу ќе им значи на родителите а бенефитот кои ќе го добијат учениците е непроценлив.

Поттикнат од Кардула, министерот Адеми на Facebook напиша:

Со задоволство ја примив информацијата и апелот од Зоран Кардула за да го направиме овој почеток на учебната година поуспешен за сите. Ваквите граѓански иницијативи се клучен и мотивирачки чекор да бидеме успешни и да им овозможиме на сите наши деца еднакви можности и пристап посебно во образовниот систем. Поведен од оваа иницијатива сакам како министер за образование и наука да ги охрабрам сите учители (просветни работници) на првиот воведен час да издвојат време за да го потенцираат богатството кое постои во нашето општество, односно идејата „да се биде различен – и да се прифатат различностите од било кој тип”. Бидејќи токму тие различности ќе нè направат сите подобри луѓе, целото општество подобро и ќе влијаат да изградиме образовен систем кој ќе го препознае потенцијалот на секое дете – затоа што нашите деца, се иднината на нашата Македонија.

Зоран и неговата сопруга Домника постојано се залагаат за интеграција на лицата со попреченост во општеството. Зоран е автор на книгата „Гуш и бац“, која содржи 47 илустрации инспирирани од измислените зборови на неговата ќерка Ерато.

Домника и Ерато Зоран и Ерато

На почетокот од месецот Ерато наполни 12 години.

Ерато

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19750 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.