Денес сè повеќе мажи се обидуваат да го претворат предлогот за брак во нешто спектакуларно. James Ng ја имал истата идеја и сакал да ѝ предложи на својата сакана во воздушен балон.
Додека летале над Охајо, Џејмс ненадејно ја испуштил од раце футролата за апаратот во која што го имал скриено свршеничкиот прстен со дијамант од еден карат. Од височина од над 150 метри прстенот паднал во шума.
Првата помисла на несреќниот Џејмс била да премолчи за неговиот план, но неговата девојка насетила што всушност се случило. Така, немајќи друг избор тој клекнал на едно колено и ја побарал за жена 27-годишната учителка Sonya Bostic. Се разбира, одговорот бил „да“.
Но, оваа приказна не завршува тука. Додека неговата идна жена гордо носела прстен од 9 долари, херојот на приказната тргнал во потрага по вистинскиот прстен.
По седумдневно талкање, Џејмс ја пронашол футролата од апаратот и за изненадување на сите прстенот од 2000 долари бил сè уште внатре.
Среќниот пар, кој се подготвува за свадба во јуни, со сигурност ќе го памети ова засекогаш.