Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Најбизарните обувки со екстремна предна штикла

ВИДЕО: Најбизарните обувки со екстремна предна штикла

Обувките можат да станат побизарни од она што го гледаме на стапалата на Лејди Гага, а Лини ван дер Вивер има доказ за тоа.

Младата Холанѓанка дизајнира обувки со екстремна предна штикла со кои е речиси невозможно да се чекори. Според Лини, обувките Scary Beautiful биле создадени за општеството да размисли за отфрлање на сегашните стандарди за убавина и да ја прекине неуморната потрага по естетско совршенство.

Бизарни обувки

„Луѓето си играат Бог усовршувајќи се физички и метафорично. Убавината достигна кулминација, дозволувајќи му на овој проект да истражи што се крие зад совршеноста. Scary Beautiful ги оспорува сегашните идеали за убавина со тоа што им наметнува неочекуван нов стандард за убавина“ – вели Лини.

Погледнете го видеото во кое е покажано колку е тешко движењето со бизарните обувки и сигурно обувките на Лејди Гага ќе ви изгледаат сосема нормални.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.