Секоја година, Џејмс Алварез со неговата ќеркичка Адалин пресоздава специјална фотосесија со сопругата која почина додека беше бремена.
На оригиналните фотографии, Џејмс позира во трудничка фотосесија со сопругата Јесенија додека таа е во третиот триместар. За жал, во 35-тата недела од бременоста, пијан возач удрил во парот додека пешачел на троторар. Јесенија не ја преживеала несреќата, но докторите успеале да ја спасат нивната ќеркичка Адалин.
Сега, вдовецот го одржува жив споменот за неговата сопруга и секоја година на роденденот на Адалин ги пресоздава истите фотографии.
Денес одбележуваме 3 години од твоето заминување, а ми изгледа како да беше вчера. Овој ден секогаш ми е слатко-горчлив, бидејќи денот кога те загубив е истиот ден кога го славам роденденот на нашата ќерка. Посакувам да беше тука со мене, прославувајќи го роденденот на нашата ќерка. Но, ти сега си во Рајот и нè чуваш. Се надевам дека се гордееш со мене.
Оваа фотосесија ја правам во твоја чест, за да го потсетам светот колку убава личност загуби и што е најважно, за нашата ќерка да знае колку неверојатна жена беше, за еден ден и таа да стане толку неверојатна како што беше ти. Те сакам и секогаш ќе те сакам...
ЏејмсТрадицијата започнала кога малата Адалин полнела една година.
„Додека гледав како мојата сопруга лежи безживотна, знаев дека сите наши соништа и цели се уништени во тој момент. Мојата сопруга беше одведена во болница со надеж да биде спасена, но за жал, тоа не се случи. Но, најголемиот дар се случи. Иако немаше кислород 20 минути, Адалин Роуз се роди. Таа беше чудо. Никогаш не се откажа, што ме научи и јас да не се откажувам.“
„Ова беше тешко патување, но ја држев главата горе. Се обидувам да му бидам најдобриот татко што можам на ќерка ми. Сакам мојата сопруга да се гордее со мене“ – рекол Џејмс.