Почетна » Новости » Животни стории » „Тие се чудо“: Сијамски близначки споени на главчињата успешно раздвоени по 24-часовна операција

„Тие се чудо“: Сијамски близначки споени на главчињата успешно раздвоени по 24-часовна операција

Сијамски близначки добија шанса да живеат нормален и самостоен живот откако беа раздвоени по 24-часовна операција.

9-месечните Абигејл и Микаела, кои биле поврзани со главите, одлично напредуваат откако тим од медицински лица успешно ги раздвои пред околу две недели. Оперативниот зафат беше направен во Детската болница „UC Davis“ во Сакраменто, а тимот се состоел од повеќе од 30 хирурзи, медицински сестри и анестезиолози. Тоа била прва операција од овој тип во болницата.

Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки

Случајот на Аби и Мика привлече големо внимание, бидејќи е вистинска реткост. Само два проценти од сијамските близнаци се раѓаат поврзани на главата. Тоа се случува отприлика еднаш на 2,5 милиони раѓања.

Родителите Антолиј и Лилија, како и тројцата браќа на близначките, се пресреќни.

„Беше многу специјално. Плачев додека ги држев. Очите ми беа полни со солзи. Сите мои грижи исчезнаа. Не ми беше тешко повеќе, чувствував олеснување“ – рекла Лилија.

„Бевме навикнати тие да бидат заедно, а сега гледаме две различни девојчиња, две различни тела и... тоа едноставно е неверојатно“ – рекол Антолиј по операцијата.

Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки

Лилија открила дека нејзините бебиња се поврзани со главите во 11-тата недела од бременоста.

„Бев шокирана и не ми се веруваше. Но, подоцна Бог ми даде внатрешен мир, а мојот сопруг ме поддржуваше и охрабруваше“ – рекла Лилија за моментот кога ѝ ја соопштиле веста.

Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки

„Состојбата која ја имаат е многу уникатна. Докторите секогаш велеа дека е една на милион“ – додала таа.

„Тие се чудо близначки. Може да се каже дека се обожаваат една со друга, дури и ако се раздвоени сега. Во првите неколку дена, Мика ќе ја подадеше раката за да ја пронајде Аби и Аби ја бараше Мика. Беше многу слатко. Секогаш се држеа за рака додека спиеја“ – вели Лилија.

Сијамски близначки Сијамски близначки

Среќната мајка изјави дека вечно ќе им биде благодарна на сите кои помогнаа во раздвојувањето на нејзините ќеркички.

„Да се каже дека им сме благодарни не е ништо. Тие ни се како семејство сега. По сè што поминавме заедно... едноставно ги сакаме за сè што направија и сакаме да им кажеме дека ќе им бидеме благодарни до крајот на нашите животи“ – вели таа.

Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки Сијамски близначки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.