Малиот Ајан ќе ви го стопли срцето со ѕвонењето на ѕвоното на Детската клиника во Скопје.
Откако го победи ракот, детенцето истрча до ѕвоното и смело го означи крајот на здравствената битка додека медицинските лица го бодреа со охрабрувачки довикувања и аплаузи.
Видео
„Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!
* За Нова година Ајан на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба - да си оди дома!“ – пишуваат од Детска клиника.
Министерот Венко Филипче објави и порака за персоналот. „Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!“ – напиша тој.
Ритуалот со ѕвонењето симболизира победа над болеста и малите пациенти и нивните родители со нетрпение го очекуваат.