Покажете ја вашата хуманост и помогнете ѝ на самохраната мајка Наташа Николовска да излезе како победник од најтешката битка во нејзиниот живот – битката со ракот на желудник.
39-годишната Скопјанка, која е мајка на 6-годишно синче, минатата година го изгуби својот сопруг, а на почетокот од месецов открила дека боледува од рак. Пред десетина дена на Наташа ѝ била направена операција, но таа мора да го продолжи лекувањето со озонска терапија во болницата „Филип Втори“, за што ѝ се потребни 12.000 евра, за кои верува дека ќе ги собере со помош на хуманите граѓани.
Пред неколку дена, преку својот профил на Facebook, храбрата мајка ги повика сите хумани лица да ѝ помогнат:
Доколку сте во можност да ѝ помогнете на Наташа, тоа можете да го направите на:
Телефоните за донации:
Жиро сметката за донации денес ја сподели Боки Јовановски, кој откри дека разговарал со Наташа и дека ѝ ветил дека лично ќе се погрижи таа да ги добие потребните средства ако не успее да ги собере со донации од граѓаните. Еве ја неговата објава:
Жиро сметка:
Стопанска банка А.Д. Скопје: 200000243879720
Наташа Николовска
За Фокус, Наташа ја раскажа својата трогателна приказна и како ѝ се променил животот за само една година.
„Кога заврши 2016 година, мислев дека ја затворив најтешката врата зад себе. Таа година го изгубив сопругот, имаше само 43 години, го покоси разорен инфаркт. Ми се сруши светот, имавме убав живот, среќен брак, љубов… Се обидов да продолжам понатаму, ја насочив целата моја љубов и енергија кон синчето Марио. Но, не било така. Најтешката врата не беше затворена…“
„На почетокот на април, на денот на мојот роденден, ја дознав дијагнозата – рак на желудникот. Неверување, шок… Но Марио, тој е тука, и јас немав време да мислам на ништо лошо. Цврсто сум убедена дека ова ќе остане зад нас, имам сили да се борам, тврдам дека ќе излезам како победник“ – раскажала Наташа, која верува дека ќе успее да се избори со болеста за својот син Марио.