Почетна » Новости » Животни стории » Од трагедија во благослов: Мајка, која го изгуби синот во бременоста, донираше 350 литри мајчино млеко

Од трагедија во благослов: Мајка, која го изгуби синот во бременоста, донираше 350 литри мајчино млеко

Мајка, која го изгубила синот во утробата, донираше 350 литри од своето мајчино млеко во негова чест, помагајќи им на други мајки и предвреме родени бебиња.

Ејми Андерсон

Ејми Андерсон од Мејн, САД, била во 20-тата недела од бременоста кога ѝ ја соопштиле најлошата вест која една трудница може да ја слушне – нејзиниот нероден син починал во утробата. Иако ѝ било кажано дека е прерано за телото да започне да лачи мајчино млеко, неколку дена откако го роди починатиот син, нејзините гради биле преполни.

Ејми, која е мајка на две деца и има преживеано четири спонтани абортуси, решила да испумпа само малку млеко за да ги олесни своите гради, но тогаш почувствувала блискост со починатиот син Брејсон.

Ејми Андерсон

„Како што го пумпав млекото, во мене настапи вистинска смиреност. Почувствував моќна блискост со мојот Брејсон, која ме потсети колку ја сакав поврзаноста додека го доев најстариот син. Пумпањето млеко во чест на мојот син изгледаше толку правилно. Секој живот има свое значење, а оној на мојот син не беше поразличен. Одлучив да ја прифатам целта на неговиот живот“ – рекла Ејми во интервју за „The Philly Voice“.

Во целата таа трагедија, Андерсон успеала да најде зрак светлина и да ја претвори смртта на нејзиниот син во благослов за голем број предвреме родени бебиња. „Одлучив да го донирам млекото на Брејсон и да ја претворам мојата трагедија во благослов“ – изјавила Ејми, која по кратко истражување дознала дека има огромен број новороденчиња на кои им е потребно ова „течно злато“ зашто нивните мајки не можат да им го овозможат.

Ејми Андерсон

„Го чуваа млекото на Брејсот настрана за да им го даваат на бебињата на кои им е најпотребно. Неверојатно беше колку феноменално беше неговото млеко. Го испумпував осум месеци. Само помислете колку животи спасија неговите 350 литри млеко“ – рекла таа.

Ејми Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.