Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративна приказна: Девојка родена без раце и нозе создава уметнички дела со помош на устата

Инспиративна приказна: Девојка родена без раце и нозе создава уметнички дела со помош на устата

Зули Сангино е девојка со неверојатен карактер и инспирација за секого. 26-годишната Колумбијка е родена без раце и нозе, но и покрај тоа, го живее својот живот без ограничувања. Таа денес работи како мотивациски говорник, инспирирајќи илјадници лица со својата приказна и го развива својот талент, стремејќи се да стане успешен уметник.

Зули Сангино Зули Сангино

Сангино е родена со редок деформитет, тетра-амелија синдром, што спречило нејзините екстремитети нормално да се развиваат. Вообичаено лицата со ваков деформитет не се во можност да ги извршуваат дури ни наједноставните секојдневни активности, но Сангино успева да направи многу повеќе отколку што многумина би очекувале.

Благодарение на безусловната љубов и поддршка од својата мајка, Зули сега самостојно се движи, храни, чисти и шминка, а со помош на устата создава прекрасни колоритни дела кои досега биле претставени на повеќе изложби.

Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино

Зули се има соочено со бројни семејни и финансиски проблеми. Имено, таткото на Зули, кој вербално и физички ги малтретирал неа, нејзините 3 браќа и 2 сестри и нејзината мајка, се самоубил кога таа имала само 2 години. На 7-годишна возраст Зули била силувана.

Во најранливите години, кога била тинејџерка, Сангино била исмејувана и нарекувана вонземјанин, што довело до момент таа да посака да си го одземе сопствениот живот. „Еден ден отидов на терасата на четвртиот кат и сакав да скокнам, дефинитивно, но дојде мајка ми. Мислам дека таа беше ангел, ангелот кој секогаш ме пратеше и беше покрај мене и му благодарам на Бог за нејзиниот живот, бидејќи таа беше секогаш тука кога ми требаше“ – вели Зули.

Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино

Покажувајќи ја својата сила и непокорност, Зули го насочи својот живот кон светлата и позитивната страна. Таа денес држи мотивациски говори на разни места и инспирира многумина.

„Без раце, без нозе и без ограничувања“ – вели Зули.

Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино Зули Сангино

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.