Почетна » Новости » Актуелно » Јоланта Дилевска: „Размислувам колку поинаку би изгледала кинематограферската уметност доколку од самиот почеток во создавањето би учествувала жена“

Јоланта Дилевска: „Размислувам колку поинаку би изгледала кинематограферската уметност доколку од самиот почеток во создавањето би учествувала жена“

Фокусот на лицето е мошне важен во кариерата на Јоланта Дилевска, годинашна добитничка на наградата Специјална камера 300 за особен придонес во филмската уметност. Филмот „Тулпан“, чија кинематограферка е токму Дилевска, беше синоќа прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“, а таа на денешната прес конференција говореше за нејзиното фокусирање на лицата на луѓето и животните и зошто тоа е толку многу важно за неа, за жените кинематограферки, но се осврнаи на значењето на наградата која и беше врачена на свеченото отворање.

„Би сакала да истакнам дека јас и Михал Димек дипломиравме на Полската национална академија за филм. Кога дојдов да студирам на Академијата никој не веруваше дека е возможно жена да биде кинематогафер. Само еден професор кој е познат полски кинематографер, Јержи Војчик, веруваше во мене и создадовме силна конекција како ученик и професор. Тој имаше холистички пристап и не учеше дека камерата снима и она што се гледа и она што не се гледа. Му приоѓам на лицето како на огледало низ кое минува времето. Мислам дека најинтересно нешто е лицето пред камерата без оглед дали станува збор за документарен или играм филм“ - рече Дилевска и рече дека за неа е многу важно и сака да каже како се чувствувала кога го добила повикот со кој директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ и соопштил дека е добитничка на големото признание.

Браќа Манаки прес со Јоланта Дилевска

„Почнав да размислувам како би изгледала кинематографијата доколку браќата Манаки имаа сестра. Колку поинаку би изгледала кинематограферската уметност доколку од самиот почеток во создавањето би учествувала жена... Од моментот кога ја ставиле камерата да снима се создала визуелната историја на светот. Од почетокот тоа било машка работа и се прашувам како поинаку би изгледало сето тоа и навистина жалам што браќата Манаки немале сестра, рече Дилевска и посочи дека не се согласува со сфаќањето дека жените кинематографери не можеле да работат поради тежината на камерата во минатото.“

Таа додаде дека секогаш ја набљудувале нејзините моите постари колеги мажи кога работела и постојано со недоверба гледале кон неа, но сега веќе работите се променети и има многи млади жени кои го одбираат овој пат.

Браќа Манаки прес со Јоланта Дилевска

Кинематограферот на филмот „Девојката со иглата“, Михал Димек по вчерашната проекција на филмот, денеска пред новинарите рече дека имале мошне долг подготвителен период и одлучиле да се фокусираат на убави детали, да ја следи динамиката на приказната која е мошне интуитивна.

Филмот почнал да се работи во Данска, потоа Шведска влезе како копродуцент и Полска како копродуцент...и целата работа ја преместивме во Полска поради малиот буџет.

„Цело време додека снимавме имаше отворена и постојана комуникација меѓу актерката и режисерот. Магнус прикажа женска приказна од машка перпектива. Раскажува многу тешка тема која секако влијаеше на секој од нас, и по снимањето имавме сите малку одмор“ - рече Димек.

Браќа Манаки прес со Јоланта Дилевска

Марко Брдар, кинематограферот на филмот „Безбедно место“ во рамките на европската Lo-Cap програма, денеска на средбата со новинарите проговори за темата која ја обработува филмот, со оглед на тоа дека станува збор за мошне вознемирувачки филм-интимна приказна која говори за самоубиството на авторот на сценариото на филмот.

„Режисерот го знаев само како братот на Јаков, но кога дознав дека сака да снима филм за оваа приказна веднаш се вклучива и поминав две години со него работејќи на филмот“ - рече Брдар.

Браќа Манаки прес со Јоланта Дилевска Браќа Манаки прес со Јоланта Дилевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.