Битола вечерва блесна силно на светската филмска мапа со почетокот на 45-тото издание на „Браќа Манаки“.
На свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмската камера гостин беше и Христијан Мицкоски со неговата сопруга Рози. Парот беше пречекан на црвениот тепих од директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски.
Актуелниот премиер на манифестацијата се појави во светлосино одело додека неговата животна избраничка изгледаше модерно и елегантно во пурпурен фустан и црна отмена наметка.
„Вечерва присуствував на отворањето на филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола. Традиција која мора да се почитува!“ – сподели Мицкоски на социјалните мрежи.
Фестивалот посветен на Јанаки и Милтон Манаки започна со прикажувањето на „Партенопе“, а ќе биде затворен од македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец.
Фото: Ивона Кочов / Александар Василевски / Femina.mk