Почетна » Новости » Актуелно » Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 30.10.2024година објавува

Фондацијата „Трајче Мукаетов“

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

  • Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Молба
  • Кратко CV
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024година до 18.11.2024година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-28/1 усвоена на ден 30.10.2024година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

  • Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Молба
  • Кратко CV
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА


Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.