Почетна » Новости » Актуелно » „Тоше чест ми беше што пеев песна од тебе“: Нела Манческа ја освои главната награда на „Песните на Тоше Проески“ во Скопје

„Тоше чест ми беше што пеев песна од тебе“: Нела Манческа ја освои главната награда на „Песните на Тоше Проески“ во Скопје

За првпат кај нас се одржа Меѓународниот фестивал „Песните на Тоше Проески“, на кој млади пејачи се натпреваруваа изведувајќи песни од нашиот непреболен ангел.

На сцената во Македонската опера и балет, настапија ѕвездички од нашата земја, пејачи од целиот Балкан, но и од Русија, Украина, Малта и од Израел.

Главната награда „Гран при“, ја освои Нела Манческа, која ја испеа песната „За овој свет“.

„Тоше чест ми беше што пеев песна токму од тебе“ – напиша Нала на својот Facebook профил.

Хитови на Тоше како „Једина“, „Заувјек твој“, „Среќна ли си ти“ и „Цреша“ одекнуваа од грлата на талентираните деца, а еден од повпечатливите настапи го имаше Емина Бајтаревиќ од Босна и Херцеговина. Таа одушеви со изведбата на „Полско цвеќе“, користејќи специјална техника и кукла.

Софиа Климентева од Украина, која е дете со оштетен вид, доби награда за освоено прво место во третата категорија. Таа настапи со песната „Соба за тага“.

„Беше неверојатно искуство да бидеме дел од овој настан, да ги слушнеме талентираните учесници и да го почувствуваме духот на музиката што ја спојува целата публика. Огромна благодарност до бендот на Тоше Проески за изборот на сите пејачи, како и до сите кои беа дел од ова незаборавно музичко патување!“ – вели организаторот Марјан Катароски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.