Почетна » Новости » Актуелно » „Ти си нашата гордост“: Дарио Ивановски доби пораки полни поддршка откако со болки го истрча маратонот во Париз

„Ти си нашата гордост“: Дарио Ивановски доби пораки полни поддршка откако со болки го истрча маратонот во Париз

Дарио Ивановски ја направи Македонија горда на маратонот на Летните олимписки игри во Париз.

Македонскиот атлетичар трчаше со болки во ногата уште од шестиот километар од трката, но успеа да стигне до целта со огромна пожртвуваност. Дарио истрча со време кое е 20 минути послабо од неговиот личен рекорд и заврши на 69-тото место, по што напиша емотивен статус на социјалните мрежи и доби лавина поддршка и пофалби.

Дарио Ивановски

Ја дадов и душата за тебе Македонијо, а не пак да ме спречи нешто друго до целта.

Почитувани, немам зборови со кои можам да ви опишам колку сум ви благодарен на целата поддршка која ми ја дадовте после трката.

Можеби не ги оправдав очекувањата пред Вас и себе си, но ве уверувам дека со целото мое срце се борев до целта.

Уште на шестиот километар почнаа некои чудни болки во стапалото, потоа се зголемија до коленото, додека се прашував што ми се случува почнаа грчеви на целата нога и од тогаш започна пеколот.

Во тие моменти не можам со зборови да ви објаснам што сè ми се сврте во глава додека не се помирам со фактот да ги игнорирам нозете, а да продолжам со срцето.

Го загубив темпото и почнаа угорниците. Буквално го загубив и паметот пробувајки да се снајдам во целата ситуација. Секундите драстично се зголемуваа до моментот кога ја прифатив реалноста.

Продолжив да трчам, продолжив за оние кои не можат, продолжив за оние кои ме чекаат на целта, продолжив за оние денови кога трчањето не ме остави кога бев сам, овој пат јас не те оставам тебе.

Продолжив со зборовите кои ми одекнуваа во мојата глава: Без разлика на сè, пробај да го најдеш знамето во финишот!

Ви благодарам на сите кои бевте со мене целиот процес, сега е време да се опоравам добро, да го поминам времето со луѓето кои им недостасував целиот овој период и да се фокусираме на следните цели.

Ти благодарам Боже што ми даде сила да го завршам Олимпискиот маратон.

Дарио Ивановски Дарио Ивановски

„Ти си нашата гордост“, „Ти си наш херој“, „Секоја чест на храброста, борбата, пожртвуваноста, гордост наша си“, „Најдоброто од Македонија! Јуначиште големо си ти“ – ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Ивановски го држи националниот рекорд во маратон од 2.08.25, кој го постави на маратонот во Севиља. Негов тренер е Игор Јакимовски, кој постојано ги објавува нивните заеднички успеси.

„Да сонував вакво сценарио или да го читав во некој роман немаше да поверувам дека може еден легендарен момент да обедини цела држава и народ. Од некаде и со нешто мора да почнеме и да покажеме пример за идните генерации и наши поколенија. Денес преку примерот на воинот Дарио. За кого?! За МАКЕДОНИЈА“ – напиша тој по завршувањето на маратонот.

Дарио Ивановски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.