Почетна » Новости » Актуелно » „Тато е херој“: Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина отворено за татковството на првата регионална конференција на Becutan

„Тато е херој“: Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина отворено за татковството на првата регионална конференција на Becutan

Родителството отсекогаш било динамично и константно еволуирачко патување, во чии темели останува безвременската и универзална желба да ги сакаме и поддржуваме децата и да ги подготвиме што поглатко да навигираат низ животот.

Но, современиот дигитален свет ги носи родителите низ нови неистражени територии, ги подлага на притисоци кои не постоеле во минатото и ги фрла сред океани со информации од кои често е тешко да се селектира што е најдоброто.

Првата регионална конференција на Becutan „Родителството некогаш и денес“ ќе нурне низ предизвиците на родителството денес, одржувањето на деликатниот баланс помеѓу традиционалната мудрост на нашите предци и модерните препораки, притисоците наметнати од идиличната слика доминантна на социјалните мрежи и потрагата по точни одговори на сè побројните родителски дилеми.

Родителството некогаш и денес

Ќе бидат одржани дискусии на истакнати педијатри и психолози, како и јавни личности кои имаат медиумско влијание, кои ќе споделат научно-базирани совети, стратегии, примери од реалноста и нови перспективи за растење и воспитување на децата. Главната цел е да се пренесе порака на поддршка и на разбирање, да се заборави идејата за „совршен“ родител и да се истакне дека родителството е посебна животна улога која бара неизмерна љубов, трпение, огромна одговорност, интензивна грижа, смелост и компромиси и која има право на грешки.

„Тато е херој“ е еден од панелите на настанот кој ќе биде пренесуван во живо на Instagram профилот на Becutan https://www.instagram.com/becutan_mk. Во негови рамки, ќе ги чуеме ставовите и искуствата на славни татковци од регионот. Имено, ќе гостуваат Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“ кој има две деца со сопругата Лејла, македонскиот комичен гениј Сашко Коцев кој е татко на ќерката Јоана од бракот со Смиљана и српскиот актер Петар Бенчина, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“ кој има две деца со актерката Тамара Драгичевиќ.

Родителството некогаш и денес

„Ќе биде многу занимливо, емотивно, едукативно и поучно“ – најави Тарик Филиповиќ во видео-порака со Лејла.

Жарко Димитриоски ќе биде модератор на панелот „Тато е херој“, кој ќе го разглоби современото татковство и сè поголемата вклученост на татковците во грижата и воспитувањето, што може да биде трансформативно искуство не само за децата, туку и за самите мажи.

Панелот со Тарик, Сашко и Петар ќе можете да го проследите во живо на 12 ноември од 15 часот на Instagram профилот на Becutan https://www.instagram.com/becutan_mk.

Конференцијата на Becutan ќе ги привлече сите кои ја препознаваат важноста на родителството и потенцијалот кој секој од нас го има за да влијае на идните генерации преку тоа како се поставува како родител денес. Претстојните дискусии и споделени искуства ќе ги инспирираат родителите и ќе им помогнат да се стекнат со знаење и самодоверба да ја прегрнат „најважната улога во животот“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.