Почетна » Новости » Актуелно » Сопругата на Филип Стевановски кој почина во Кочани: „Летај, свири и дојди понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно“

Сопругата на Филип Стевановски кој почина во Кочани: „Летај, свири и дојди понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно“

Сопругата на музичарот Филип Стевановски преку социјалните мрежи се збогуваше со него пред неговиот погреб, кој ќе се изврши денес, во 11 и 30 часот на градските гробишта во Штип.

Ирена Стевановска во емотивен текст сподели дека ќе ги чува засекогаш заедничките спомени и ќе се погрижи нивната ќерка Лора да успее. Таа објави и заеднички фотографии од својот сакан:

Ирена Стевановска Ирена Стевановска

Среќо моја, Филип мој.

Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица.

Знам дека ќе нè чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас.

Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека нè чуваш од небото!

Лора беше твоето сè, музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш сè што имаше замислено.

Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше сè за да сите бидеме среќни и насмеани.

Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој.

Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но сè што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците!

Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!

Посмртните останки на нашиот сопруг, најмил татичко, син, брат, зет, другар, мила звезда наша ќе бидат изложени на 20.03.2025 година (четврток) ОД 09 ДО 11 ЧАСОТ ВО ЦРКВАТА СВ. БОГОРОДИЦА ВО НОВО СЕЛО А ПОГРЕБОТ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ВО 11 И 30 ЧАСОТ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ШТИП.

Ирена Стевановска Ирена Стевановска

Филип Стевановски беше член на ДНК и Директор на Центарот за култура Штип.

Ирена Стевановска Ирена Стевановска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24016 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.