Почетна » Новости » Актуелно » „Сакав да го направам овој чин“: 14-годишниот убиец од Белград за првпат прозбори зошто уби 9 соученици

„Сакав да го направам овој чин“: 14-годишниот убиец од Белград за првпат прозбори зошто уби 9 соученици

Коста Кецмановиќ, детето убиец кое минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а првпат прозборува за ова негово ужасно дело.

Во Специјалниот суд, тој објаснил дека одлучил да ги убие врсниците поради тоа што се чувствувал неценето и отфрлено. Целиот процес вели дека го планирал две или три недели.

Еве дел од неговите изјави: „Се чувствував отфрлен од страна на децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев сигурен дека ќе пукам.“

„Јас сум левак, пукам со левата рака. Го држев пиштолот со едната рака. Немав намера да ги убијам сите ученици кои тоа утро беа на час по историја, но планирав да почнам во класот во кој одев. Генерално целта ми беа седмоодделенците. Донесов 92 куршуми, сакав да ја искористам целата муниција. Планирав сè две или три недели, но конечната одлука ја донесов тоа утро. Сакав да го направам овој чин. Пукав во учениците“ – признал тој.

Коста Кецмановиќ

Коста рекол дека не знае зошто пукал во децата од другото одделение.

„Не знам зошто пукав во тие деца, не ги познавав. Пукав без размислување, не обрнував внимание во кого пукам. Се сеќавам дека испукав куршум во правец на една девојка која само стоеше, а која не ја познавам. Кога влегов во уличницата, никој не познавав. Знам дека учителката беше внатре, ми рекоа дека е ранета. Имав уште куршуми, не знам зошто престанав да пукам. Излегов низ прозорец и викнав полиција. Сметав дека тоа е исправно, да се предадам. Се плашев дека некој може да ме повреди или убие“ – признал Коста.

Тинејџерот-убиец изјавил дека знае дека тоа што го направи е погрешно. „Па, криво ми е, тоа беше погрешен потег“ – рекол тој.

Коста Кецмановиќ

Коста признал и дека идејата за масакрот ја добил додека гледал документарец на YouTube на истата тема.

„Ако добро се сеќавам, во 8 часот и 2 минути го фотографирав оружјето во дневната соба, го зедов ранецот, го ставив оружјето и со него тргнав во училиште. Планирав да задоцнам тој ден на првиот час за сите деца да бидат во училницата“ – изјавил тој.

Коста најпрво пукал во чуварот на школото Драган Влаовиќ, кој веднаш паднал мртов, но убиецот тврди дека не видел никаква крв.

„Пред да почнам со својот чин се двоумев, имав желба сепак да разговарам со мајка ми, да се вратам дома, но во тој момент ми пријде чуварот и ме праша дали сакам да влезам во училницата, останаа две минути до ѕвончето. Реков дека ќе чекам, а потоа веќе бев под стрес, ме фати паника и го сфатив како некаква закана. Можеби во смисла дека би можел да ме спречи да се вратам дома“ – објаснил Коста за моментот пред да истрела куршум кон чуварот.

Малолетникот со оружје на неговиот татко влезе во училиштето и безмилосно усмрти 9 лица (7 ученички, 1 ученик и припадник на обезбедувањето). Неколку дена по масакрот, почина уште едно девојче кое им подлегна на повредите.

Ранети беа уште пет лица.

Коста Кецмановиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.