Принцезата Кетрин за првпат имаше јавна средба по завршувањето на своето лекување со хемотерапија.
Во замокот Виндзор, таа се сретна со 16-годишната Лиз, којашто исто така води борба со ракот. Принцезата од Велс ја прегрна младата девојка за да ѝ даде сила да не се откажува во битката за својот живот.
Лиз е надежна фотографка од Харогејт, која во јануари ја доби страшната дијагноза дека има дезмопластичен тумор на мали кружни клетки. Кетрин и принцот Вилијам ја поканија Лиз со семејството за да ја слушнат нејзината приказна и да ги дознаат нејзините амбиции да стане врвен фотограф.
Сопругата на принцот Вилијам во март сподели со јавноста дека ѝ бил дијагностициран рак по операција на стомакот, а минатиот месец таа изјави дека заврши со хемотерапијата.