И покрај тешките здравствени предизвици низ кои помина, принцезата Кетрин не ја симнува насмевката од своето лице.
42-годишната припадничка на британското кралско семејство пленеше на првиот поголем настан откако заврши со примањето хемотерапија.
Шармантната сопруга на принцот Вилијам изгледаше софистицирано во црн стајлинг и блескаше со ведрина и позитивност.
Принцезата на Велс во март сподели со јавноста дека ѝ бил дијагностициран рак по операција на стомакот, а минатиот месец таа изјави дека заврши со хемотерапијата.