Почетна » Новости » Актуелно » Пример кој треба да се следи: Општина Валандово започна постапка за бесплатни детски градинки

Пример кој треба да се следи: Општина Валандово започна постапка за бесплатни детски градинки

Со цел да ги поддржи семејствата со мали деца, Општина Валандово започна постапка за укинување на партиципацијата за детските градинки. Овој чекор треба да послужи како пример за позитивни промени во услови на економска и енергетска криза.

Детска градинка

Веста ја сподели градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, кој на Facebook напиша:

„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово. Општина Валандово, целосно ќе ја покрие родителската партиципација, со средства од Буџетот на општината.“

„Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.