Почетна » Новости » Актуелно » Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“

Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“

Оливера Николова го напушти овој свет.

Македонската писателка, која ја напиша омилената детска книга „Зоки Поки“, почина на 88-годишна возраст.

Оливера Николова

Николова е авторка на многу книги, меѓу кои: „Чук, чук, Стојанче“, „Девојките на Марко“, „Тажниот весел Владимир“, „Мојот звук“, „Куќичка“ и „Кадифената покривка“ како и на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“ и „Големото зошто“.

Оливера Николова Оливера Николова

Оливера е родена на 11 март 1936 година во Скопје, а завршила Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Во текот на својата кариера, Николова има освоено многу награди, меѓу кои и наградата на РТВ Скопје на СВП, „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Роман на годината“ на Утрински весник, а има добиено и Орден за заслуги за Македонија оваа година.

Оливера Николова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.