Почетна » Новости » Актуелно » Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала концерт на виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, одржан во Филхармонијата.

На централната прослава, со присуство на професорот Гикас Хардувелис, претседател на одборот на директори на НБГ и други извршни директори на Групацијата НБГ, а пред истакнати гости од државата, амбасадите, претставници на значајни домашни и странски финансиски институции, бизнисмени, новинари, сегашни и поранешни вработени и соработници, Банката потсети на успешната приказна што ја испишува веќе осум децении. Приказна за трајно наследство, со Стопанска банка како темел на домашната економија и симбол на стабилност, безбедност, напредок и доверба.

80 години Стопанска Банка

Специјално за оваа свечена прослава на јубилејот, маестро Симон Трпчески и неговите пријатели изведоа маестрален концерт со транскрипција на традиционалната музика од регионот, на композиторот Панде Шахов. На сцената на Филхармонијата, покрај Трпчески на пијано, беа: Хидан Мамудов на кларинет и саксофон, Владимир Крстев на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на перкусии.

Специјални гости на концертот беа виолинистот Симос Папанас од Солунската филхармонија, како и познатата локална вокалистка Елена Андоновска. Специјалните визуелни ефекти создадени за потребите на настанот од регионално познатиот видео-уметник Флоријан Канга, дополнително ја збогатија свеченоста.

80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка

Првото поглавје од успешната приказна на Стопанска банка датира од 1944 година, период на значајни глобални промени и предизвици, кога Банката храбро ги отвори вратите и се обврза на одговорност и поддршка на локалната заедница. Оттогаш, Стопанска банка е најголемиот поддржувач на домашната економија, финансирајќи ги најголемите инфраструктурни проекти и најважните индустриски капацитети - патишта, објекти, мостови, фабрики и погони, како и овозможувајќи им просперитет на локалните мали бизниси и домаќинства. Постојаниот раст и големата успешност во текот на годините ѝ овозможија на Стопанска банка да стане дел од една од најголемите групации за финансиски услуги во Југоисточна Европа, НБГ, од 2000 година. Овој чекор, во спрега со посветеноста на раководството и вработените, дополнително ја зацврсти способноста на Банката за иновации и раст, со што таа стана предводник во иновативните банкарски решенија и банка која постојано е во чекор со дигиталното банкарство.

80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка

Значаен столб на стратегијата и работењето на Стопанска банка е нејзиниот посветен придонес кон заедницата. Како еден од лидерите на финансискиот пазар, Банката поддржува општествено одговорни проекти за поддршка на културата, уметноста, спортот, образованието и здравството веќе 80 години. Ваквите иницијативи поттикнуваат позитивни промени во општеството и ги мотивираат граѓаните да се ангажираат и да придонесат кон посветла иднина за целата заедница.

Прославата е дел од активностите со кои Банката прославува 80 години традиција и напредок, испраќајќи порака до сите да продолжат да создаваат и инвестираат овде, за ДОМА и понатаму да биде најдоброто место на светот, место за живот и просперитет на сите оние кои ги сакаме и почитуваме.

80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка 80 години Стопанска Банка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.