КС Групација, како збир на општествено одговорни компании, повеќе пати годишно организира крводарителски акции.
Утре, среда, 9 октомври, од 9 до 13 часот ќе се одржи новата крводарителска акција која ќе биде од отворен тип.
Менаџментот на КС Групација ги повикува своите вработени, како и сите граѓани кои ги негуваат хуманите вредности и кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип во Битола, кои се наоѓаат на адреса “Булевар Први Мај бр. 344” (кај поранешна Кланица), од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.