Почетна » Новости » Актуелно » „Не постојат неостварливи цели“: Кочанчанец во инвалидска количка ја помина трката од 5 км на „Трчај бе“

„Не постојат неостварливи цели“: Кочанчанец во инвалидска количка ја помина трката од 5 км на „Трчај бе“

Кочанчанец во инвалидска количка ја помина патеката од 5 км на битолската трка „Трчај Бе“.

Благојчо Ѓоргиев ја туркаше количката до целта, каде го чекаше најслаткото изненадување. Неговата мала ќерка беше таму за да го бодри трчајќи пред него.

„Пред стигнување до целта на стазата од 5 километри најголемата мотивација ми беше: кога видов дека ќерка ми се пушти на мајка ѝ од рака и тргна пред мене да ме бодри, ве сакаме БИТОЛЧАНИ“ – напиша тој, споделувајќи видео од моментот.

Благојчо верува дека ништо не е невозможно и дека сите ограничувања се само во главата на луѓето. Сепак, тој е категоричен дека лицата со попреченост се соочуваат со проблеми во секојдневното функционирање, дека за нив нема соодветни услови за живот и соодветни колички за излегување надвор.

Преку трката тој сака да ја подигне свеста за лицата со инвалидитет и да поттикне промени во општеството.

„Патеката ја поминав во чест на сите неправди што му се случуваат на македонскиот народ, а највеќе на лицата со попреченост. Ако сакаме да се промениме и ако сакаме нешто да постигнеме, сè зависи од нас. Ограничувањето е единствено во главата на луѓето. Не постои никакво ограничување доколку сакаме нешто да промениме на подобро.“

„Едно општество се гледа колку е големо спрема тоа како се однесува со најнемоќните“ – рече тој во видео по трката.

„ОГРАНИЧУВАЊЕТО на човекот е состојба на умот, не постојат неостварливи цели, постојат недоволно храбри и упорни“ – напиша Благојчо.

Благојчо Ѓоргиев Благојчо Ѓоргиев Благојчо Ѓоргиев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.