Почетна » Новости » Актуелно » „Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

Едукативните средби, преку кои родителите имаат можност подобро да се запознаат со булингот, продолжуваат в петок во Општина Аеродром. Во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, на 25 октомври со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница во основното училиште „Љубен Лапе“. Ова е трета ваква средба, по општините Центар и Куманово.

Работилници со ваква тема изминатава година беа организирани и за учениците од основните училишта во земјава. Како и тие, така и на средбите наменети за родители за стручниот аспект ќе биде задолжен психолог со долгогодишна работа со проблемот со булингот. Актерот, Сашко Коцев, пак, ќе биде водител на овие настани.

Работилница

На општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се приклучија 26 општини. Компанијата потпиша меморандуми за соработка со Крива Паланка, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец, Илинден, Чучер-Сандево, Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, како и со две основни училишта во Општина Прилеп.

Во над 150 училишта во наведените општини,„Макпетрол“ преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ овозможи работилници за ученици, а сега ќе организира вакви едукативни средби наменети за родители. Првата работилница се одржа на 5 октомври во Општина Центар, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со присуство на поголем број родители, на оваа средба беа споделени знаења за булингот, се водеше интересна дискусија, а истото се очекува и во Куманово на 14 октомври.

Кампањата на „Макпетрол“ е мошне активна и онлајн, преку интернет-страницата kreniglas.mk. Ова е платформа која што содржи голем број едукативни информации за врсничкото насилство, а истата служи и за анонимно споделување лични приказни и искуства со булингот. Освен големиот број комуникациски материјали, вебсајтот содржи и прирачници наменети за ученици, наставници и за родители.

Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ се остварува една од долгогодишните стратешки цели на „Макпетрол“, а тоа е општествената одговорност. Проекти што се од значење за пошироката заедница и во минатото, но и во иднина ќе бидат дел од работата на компанијата. „Стоп за булинг“ овозможува поддршка на децата и на младите, кои и понатаму ќе бидат во фокусот на „Макпетрол“, со цел да се обезбеди добра основа за тие да ги реализираат своите потенцијали.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.