Почетна » Новости » Актуелно » „Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе“: Мухамед Максуд доби нов бубрег, донор беше неговата мајка

„Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе“: Мухамед Максуд доби нов бубрег, донор беше неговата мајка

Мухамед Максуд беше успешно опериран.

21-годишниот студент доби нов бубрег, а донор беше неговата самохрана мајка. Среќната вест ја споделија од Ohrid1 и Ecrowd и напишаа:

„Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе, мислат токму на ова! Мухамед го доби бубрегот од неговата мајка, а операцијата поминала одлично!“

Мухамед Максуд

Мухамед страда од ретка болест на бубрезите и имаше потреба од трансплантација за да живее нормален живот. Претходно тој беше зависен од секојдневна дијализа.

Апелот за помош за Муки беше објавен минатиот месец, а потребните 20 илјади евра се собраа за само една недела благодарение на македонските граѓани и дијаспората. Мухамед им се заблагодари на сите вклучени во хуманитарната акција.

„Ви благодарам на сите оние кои со искреност и со секоја можна алтернатива помогнаа за собирањето финансии за моето лекување, благодарност упатувам до секој кој ме поддржа, ми помогна и благодарност за сплотеноста и организираноста на сите познати мои пријатели, познаници, непознати, луѓе со големи срца и искреност. Благодарам ОХРИДЕ, покажавте хуманост без разликување на вера, нација и посебно фала за СТРУГА. Возбудата е голема и очекувајте ме со добри вести“ – напиша тој на Facebook.

Мухамед Максуд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.