• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани

2 ноември 2023, 10:25
  • cподели

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.

За септември 2023 година, КАМ на своите вработени им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.

Кам

Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.

„Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите. Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум. Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме. Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим“ – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Неодамна КАМ ја прошири и листата на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор и воведе платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

Комерцијален текст

Tags
Кам

Најнови

  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Адвентски календари од dm

    Празнична магија со адвентските календари од dm – совршениот подарок за секого!

    Fri, 12/12/2025 - 14:35
  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.