Англичанец одлучи за првпат да ја посети нашата земја за да си реши голем медицински проблем. Шон Молој допатува во Скопје за да си направи операција на колената во „Клиника Жан Митрев“ и сега со огромно задоволство споделува дека ја донел најдобрата одлука.
„Имав потреба од замена на двете колена, билатерално, направив истражување на интернет и ја најдов оваа клиника и досега е фантастично... Првпат сум во Скопје и моето искуство е фантастично. Целиот персонал, од чистачи до хирурзи, лекари и медицински сестри, сите беа одлични. Не можев да посакам подобро“ – раскажува Молој.
„Очигледно добив џекпот и силно ја препорачувам“ – вели тој во видеото снимено неколку дена по операцијата на левото колено.
Молој, кој живее во близина на Оксфорд, порано бил рагби играч, а моментално работи како ѕидар, па токму тоа придонело за влошување на неговата состојба со колената. По операцијата изведена од д-р Сашо Младеновски, тој веќе се движи и наскоро ќе се врати дома.
Еве ја неговата комплетна изјава:
Комерцијален текст