Почетна » Новости » Актуелно » За другарство и емпатија караванот на Витаминка едуцира

За другарство и емпатија караванот на Витаминка едуцира

Продолжува караванот на Витаминка, иницијативата за општествени вредности што го ангажира вниманието на јавноста и родителите, ширум државата. Караванот е посветен на едукација на децата за суштински вредности како емпатија, другарство, почит, разбирање и прифаќање на различностите. Децата се едуцираат преку музички претстави, игра и песна и им се пренесуваат сознанија клучни во создавањето на зрели личности а кои е потребно да се всадат од мала возраст.

Витаминка караван

Досега се посетени 10 предучилишни установи во Скопје, каде што се одржаа над 30 музички и едукативни претстави и вклучија околу 3000 деца. Заради квалитетните содржини и начинот на кој ги претставува пред децата, сè повеќе предучилишни установи бараат караванот да ги посети и да ја изведе претставата за животните вредности.

Витаминка караван Витаминка караван Витаминка караван

Проектот е инициран од Витаминка, која како општествено одговорна компанија ја препозна важноста на едукацијата од најмала возраст и потребата од создавање позитивно влијание врз децата и заедницата, што е и целта на проектот.

Содржините се создадени од продукциската куќа Триангл во соработка со тим од експерти, вклучувајќи педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат внимателно изработени и прилагодени за возраста на децата.

Витаминка караван Витаминка караван Витаминка караван Витаминка караван Витаминка караван Витаминка караван

Планирано е караванот да посети вкупно 80 установи низ целата држава, вклучувајќи градски, но и рурални средини, за да обезбеди секое дете да има можност да биде дел од ова уникатно искуство.

Витаминка караван Витаминка караван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.