Почетна » Новости » Актуелно » Едукативни здравствени предавања за превенција и навремено откривање на промените и ракот на дојка

Едукативни здравствени предавања за превенција и навремено откривање на промените и ракот на дојка

На 15 октомври, во рамки на месецот посветен на женското здравје, на барање на софтверската компанија Дамилах, д-р Лидија Вељановска Кириџиевска – специјалист по радиодијагностика и д-р Милан Ристески – специјалист онколог од Клиника Жан Митрев одржаа едукативни здравствени предавања.

Акцентот беше ставен на превенцијата и навременото откривање на промените на дојката и ракот како заболување на дојката. Во тој контекст беа споделени совети за превентивни прегледи со цел навремена дијагностика на оваа болест која е главен причинител за смртност кај женската популација на глобално ниво.

Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев

Учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да споделат свои искуства што дополнитено ја зголеми интеракцијата и свесноста за потребната едукација и информираност за начините за превенција и препознавање на промените на дојка кај жените.

Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.