За свадбата на синот на султанот од Брунеј очигледно не се штедело, а веста за гламурозните 10-дневни прослави го обиколи светот.
Принцот Абдул Матин стапи во брак со Аниша Роснах и парот прослави со околу 5.000 гости, меѓу кои и припадници на кралски семејства од Саудиска Арабија и Јордан.
32-годишниот Принц, кој се вбројуваше меѓу најпосакуваните ергени во Азија и убавата бизнисменка, чиј татко е роден во Хрватска, ги завршија свадбените активности со кралски банкет.
На отмената вечера, 29-годишната Аниша носеше блескава креација, специјално изработена за неа од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
Принцот Абдул Матин е десетто дете на султанот Хасанал Болкијах, кој е меѓу најбогатите луѓе и еден од неколкуте апсолутни монарси во светот.