Ботоксот и дермалните филери се сѐ попопуларни и станаа секојдневие во естетската дерматологија. Овој метод на борба против годините и времето, еднакво го применуваат и жените и мажите. Ботоксот и дермалните филери не се веќе табу и желбата за разубавување е присутна кај сите генерации. Според најновите трендови во физичката убавина, филерите и ботоксот станаа редовна пракса во разубавувањето.
И токму во зачестеноста на оваа естетска пракса и големата побарувачка, аплицирањето филери стана нашироко достапно и се применува секаде, дури и во нестандардни услови. Многу често, ботокс и филери се ставаат и надвор од официјалните здравствени установи. Но, дали е ова безбедно?! Со оглед на тоа што сепак станува збор за инјектирање, боцкање и прецизно дозирање, се поставува прашањето колку е безбедно нанесување филери во други установи освен во специјализирани дерматолошки центри. За лекарите специјалисти кои работат токму со дермални импланти ова е многу сериозно прашање.
„Дермалните филери се вид медицински помагала кои се внесуваат под кожата, тие се дермални импланти и нивното нанесување не смее да биде надвор од специјализирана медицинска установа. Аплицирањето филери или ботокс подразбира детално познавање на анатомија, каде точно и во која точка да се внеси за да го има саканиот ефект. Прецизното дозирање е исто така прашање за одредени лицеви контури и соодветно на годините на пациентите. Не станува збор само за можноста од промашување на ефектот, туку многу поважно е тоа што ова помагало доколку не е внесено стручно или не е во медицински установи, може сериозно да го загрози животот на пациентот. Може да се случат бурни алергиски реакции, разни компликации, длабоки инфекции, апсцеси и некроза на кожата поради апликација во несоодветни и нестерилни услови. А многу од овие екстремни последици може да бидат иреверзибилни и да завршат со трајно нагрдување на пациентот“, вели д-р Анџелка Илиева – специјалист дерматолог во Центарот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев.
Д-р Илиева додава дека за аплицирање на дермалните импланти не се само условите важни, туку и потеклото на имплантите односно производителите. Од тоа зависи ефектот и саканиот резултат.
„На одделот за естетска дерматологија во Клиника Жан Митрев применуваме нешто што е ново на овие простори а веќе докажано во светски рамки. Ги користиме исклучиво дермалните филери Ellanse, Maili и колагенската-стимулирачка инјекција Lanluma кои се најновиот медицински метод за подмладување на кожата во естетската дерматологија. Користејќи ги револуционерните филери на Sinclair, ние и нашите пациенти се уверивме дека даваат моментален резултат со долгорочен ефект. Lanluma е посебно препорачана заради природната стимулација на колаген создавајќи природен изглед и безбеден резултат со долготраен ефект“, според д-р Анџелка Илиева.
Комерцијален текст