На престижната церемонија „Бизнис Лидер“, Божиновски часовници беше меѓу наградените компании, добивајќи го признанието за бонитетна успешност. Оваа награда го потврдува континуираниот раст и иновациите кои компанијата ги применува во своето работење.
„Признанието е резултат на нашата постојана посветеност на квалитетот и иновативноста. Како компанија, секогаш се стремиме да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, постојано да бидеме креативни и инвентивни. Благодарни сме што нашата работа е препознаена на ваков значаен начин“ - изјави Сташа Божиновска во име на тимот на Божиновски часовници и накит. Таа најави дека во периодот што следи, компанијата ќе претстави неколку новитети, на кои тимот макотрпно работеше во изминатите години.
Симболично, на самиот праг пред трисетгодишниот јубилеј од основањето на компанијата, под капата на брендот Божиновски ќе започнат да се раскажуваат нови успешни приказни, кои ќе продолжат да го обележуваат патот на компанијата во иднината.
Основачот на проектот „Бизнис Лидер“ и извршен директор на Евентика ДОО Скопје, Владимир Ристевски, истакна дека оваа награда е дел од пошироката стратегија за зајакнување на македонската деловна заедница, додека аналитичките партнери од Таргет Груп ги издвоија Божиновски часовници како пример за успешна компанија која иновира и расте на пазарот.