Принцот Вилијам се отвори за „бруталната“ година која ја преживеа неговото семејство по дијагностицирањето рак кај неговата сопруга и татко му.
Во интервју за време на посетата на Кејптаун, 42-годишниот припадник на британското кралско семејство се наврати на најтешката година од неговиот живот кога на принцезата Кетрин и на принцот Чарлс им бил дијагностициран рак.
„Беше страшно. Ова веројатно беше најтешката година во мојот живот“.
„Се гордеам со мојата сопруга, се гордеам со татко ми, што се справија со работите на начинот на кој го направија тоа. Но, од моја лична фамилијарна гледна точка, беше брутално.“
„Но, мораш да продолжиш понатаму. Уживам во мојата работа и во прилагодувањето на моето темпо за да одделам време да бидам и со моето семејство“ – рекол Вилијам, кој има три мали деца со принцезата Кетрин.
Кетрин објави дека го заврши лекувањето со хемотерапија на 9 септември, а сега Вилијам сподели дека таа е „многу добра“.
Принцот на Велс неодамна го промени имиџот и ја порасна својата брада. Тој сподели дека ќерка му плачела за да ја избричи на почетокот, но дека сега го прифатила неговиот нов изглед.
„На Шарлот не ѝ се допадна на почетокот и имаше река од солзи, па морав да ја избричам. Потоа пак ја пораснав. Ја убедив дека сè ќе биде во ред“ – рекол тој.
Вилијам е во Јужноафриканската Република по повод доделувањето на наградите „Earthshot“.