Почетна » Новости » Актуелно » Безвременска музика: Свечено затворање на Интерфест во Офицерски дом во Битола

Безвременска музика: Свечено затворање на Интерфест во Офицерски дом во Битола

На големиот македонски празник 11 Октомври, беше свечено затворен 33-от Фестивал на класична музика Интерфест-Битола.

Во блескавата палата на Офицерски дом, музиката на еден од најголемите гении на човештвото, Волфганг Амадеус Моцарт, ја сплоти битолската публика во заеднички чувства на трогнатост, восхит, радост, убавина.

Интерфест Интерфест

Врвната изведба на реномираниот француски пијанист Бертран Жиро, диригентот Владимир Димовски и Камерниот оркестар на Битола, ја доловија магијата на Симфонијата бр.23 и Концертот за пијано бр. 17. Оваа безвремена музика, 250 години наназад, на бројни генерации им ги буди најблагородните емоции и духовна возвишеност. Така и синоќа, Свечената сала на „Офицерски дом“ беше претесна за сите кои сакаа да ја доживеат радоста на последната вечер од незаборавните 11 претходни фестивалски настани.

Благодарение на ентузијазмот и работата на семејството Рибарски, поддршката од Министерството за култура, Општина Битола, Донаторот Госпоѓа Фанија Мемца и Бутикот „Ермитаж“, персоналот на ЈОУ КИЦ и на Народен театар Битола, како и екипата ликовни уметници и дизајн од Интерфест, фестивалот се одржа со голем успех.

Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест

Фото: Ивона Кочов / Интерфест

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.