На настанот што се одржа во фоајето на Националната опера и балет присутвуваа многубројни пријатели, деловни соработници, корисници и партнери кои заедно го одбележаа овој значаен јубилеј за компанијата.
Преку краток документарен филм беше прикажана приказната од претставувањето на брендот на македонскиот пазар, па се до денеска.
Гостите имаа можност да уживаат во духот на актуелната кампања на А1, „Животот е прекрасен со тебе", проследена со ритамот на хитовите на единствената Каролина Гочева.