Почетна » Новости » Актуелно » Coca-Cola и Marvel составија епски инфлуенсерски тим

Coca-Cola и Marvel составија епски инфлуенсерски тим

Кога ти е потребен супер херој, тука се Coca-Cola и Marvel. A кога ќе се здружат два гиганта како овиесе добива величествено партнерство. Резултатот е лимитирана серија лименки и шишенца Coca-Cola,кобрендирани со суперхероите на Marvel.

Инспирирано од моќта на супер хероите на Marvel и од енергијата на поврзување на луѓето која е обвиена околу брендот на Coca-Cola, глумецот Гораст Цветковски ја доби задачата да биде новиот капетан во градот, во стилот на Капетан Америка, и да состави епски тим. Му се придружија инфлуенсерите Александра Трпеска и Александар Динев, јутјуберот Стефонатор, водителот Марко Новески и глумецот Стефан Николовски. Како што Капетан Америка ги предводи Одмаздниците, така и Гораст ја предводеше „битката“ на својот тим – инфлуенсерите се натпреваруваа во подигање пакети Coca-Cola, одење по права линија со лименка на главата, „фудбал“ на голчиња од лименки и многу други забавни игри.

Coca Cola и Марвел тим

Тие не откриваат кој победи, а кој изгуби, но велат дека успешно го победиле главниот негативец, досадата, супер се забавувале и се дружеле.

Coca Cola и Марвел тим

Уште еден предизвик за тимот е собирањето на лименките и ликовите од лимитираната серија. Дополнителна забава се крие зад QR-кодот поставен на лименките Coca-Cola. Откако ќе го скенирате и ќе ја позиционирате камерата на супер херојот од лименката, ликот оживува благодарение на AR (augmented reality). Доколку, пак, позиционирате две различни лименки една до друга, ќе бидете сведоци на епска битка меѓу двата херои.

Coca Cola и Марвел тим Coca Cola и Марвел тим Coca Cola и Марвел тим Coca Cola и Марвел тим

Серијата рилови на тимот може да ги погледнете на профилот на @cocacolamakedonija на Инстаграм.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19670 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.