Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.545 тестирања, а се потврдени 199 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје - 90
- Куманово - 17
- Дебар - 6
- Штип - 9
- Прилеп - 3
- Тетово - 12
- Струга - 12
- Битола - 2
- Охрид - 4
- Кавадарци - 2
- Гостивар - 5
- Струмица - 2
- Радовиш - 1
- Крушево - 1
- Пробиштип - 3
- Демир Хисар - 1
- Свети Николе - 24
- Кичево - 3
- Ресен - 2
Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 309
- Аеродром – 157
- Бутел – 137
- Гази Баба – 193
- Центар – 143
- Карпош – 143
- Сарај – 124
- Кисела Вода – 108
- Ѓорче Петров – 101
- Студеничани – 110
- Шуто Оризари – 82
- Арачиново – 45
- Илинден – 28
- Петровец – 18
- Чучер Сандево – 11
- Сопиште – 9
- Зелениково- 13
- Странец – 5
- Нераспределен- 128
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.