Точно пред 17 години, на денешен ден, нè напушти нашиот ангел Тоше Проески. Не постои Македонец, па ниту Балканец, кој не беше погоден од трагичната вест дека Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
На социјалните мрежи се редат емотивни статуси со кои корисниците се сеќаваат на убавите моменти, добрината, хуманоста, ангелскиот глас и харизматичната појава на македонскиот музички миленик.
„Не сакам да ми симнувате капа. Сакам само да се гордеете со мене“ – велеше скромниот музичар кој зад себе остави хитови кои вечно ќе се пеат.
Тој еднаш рече: „Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“, а Тоше дефинитивно беше сакан и сè уште е.
Во 2012 година, приказната на Рафит Хасани ја обиколи Македонија, а беше само еден доказ за добрината на миленикот на нацијата, Тоше.
Имено, неколку години пред да го напушти овој свет, една врнежлива вечер Тоше застанал со автомобилот до Рафит, кој продавал весници на булеварот „Партизански одреди“. Тој го прашал Хасани колку заработува во една вечер, на што добил одговор: „Околу 150 денари“. Без воопшто да размислува, Тоше извадил 500 денари од џебот, му ги дал на продавачот и му рекол: „Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш“.
По тој настан, Тоше редовно го посетувал Хасани за да му однесе топол чај во термос.
Денес, многумина ја споделуваат оваа приказна за да оддадат почит на Проески.
Голем број музичари, актери, политичари и истакнати личности на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа за да ја опишат тагата која сè уште ја чувствуваат длабоко во себе.
Игор Џамбазов и Тренчева Слободанка
И после 17 години исто тажно, болно... Тоше.
Тажна беседа на Игор Џамбазов за #ТошеПроески: Плачевме многу, плачеме сеуште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас.
Петар Младеновски
Маја Андоновска Илијевски
Весна Петрушевска
Весна сподели кратко видео од последното интервју со Тоше и постави емотикон скршено срце.
Тамара Тодевска
Тодевска му оддаде почит на Тоше поставувајќи кадар од неговата позната реченица: „Ве сакам сите“.