Велигденските денови секогаш ги посветуваме на семејството и пријателите.
За празнично да се почастите со убави закуски подгответе даска, а со мали детали прилагодете ја на симболите на овој голем празник.
Издлабете форма на зајаче во сирење бри или камамбер и испразнетиот дел исполнете го со џем, исечете го кашкавалот во форма на зајак, додајте велигденско колаче или едноставно поставете ги намирниците во облик на зајак.
Во продолжение погледнете неколку идеи за инспирација: