Еден од најпрепознатливите елементи од хит-серијата „Friends“ е најавната шпица со песната „I’ll Be There for You“, во која главните ликови Рејчел, Џои, Чендлер, Рос, Фиби и Моника танцуваат во и околу фонтана.
Шест вистински пријатели го пресоздадоа интересното видео за да го одбележат крајот на една „ера“, односно нивното дипломирање и последните денови заедно во кампусот на Универзитетот Елон во Северна Каролина.
Креативните студенти се обиделе да го копираат секој детаљ и потрошиле 15 часа за да имаат доволно материјал за да ја направат финалната верзија.
Интересен факт е што девојката и момчето кои ги глумат Рејчел и Рос се свршиле пред два дена.