Синоќа, во Малме се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија.
На сцената се претставија учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во финалето.
Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота).
Погледнете ги нивните настапи на првата полуфинална вечер:
Србија
Хрватска
Словенија
Украина
Португалија
Кипар
Луксембург
Литванија
Ирска
Финска
Во второто полуфинале (четврток) ќе настапат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.
И годинава Македонија е без претставник на Евровизија.