Почетна » Новости » Занимливости » Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]

Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]

Каква е поврзаноста помеѓу здравјето на вработените и профитабилноста на компанијата?

Дали намалената физичка активност на тимот има некакво влијание врз успехот на компанијата?

Зошто вработените со послабо здравје се и закана за корпоративниот свет?

Fitkit

Здравствените проблеми водат до намалена продуктивност

За жал, во денешниов корпоративен свет, поврзаноста помеѓу здравјето на вработените и профитабилноста на компанијата често се занемарува.

Статистиката покажува дека кога еден вработен има здравствени проблеми, значајно му се намалува продуктивноста на работа. Како последица на тоа, опаѓа неговиот фокус и тоа во просек ја чини компанијата 1685 долари годишно.

Fitkit

Лошата здравствена состојба води до отсуства од работа, постојано отворање на боледувања или, пак, намалена мотивација кај вработените на коишто целиот фокус им е свртен кон своето здравје, а не кон работата.

На овој начин, индиректно, самите компаниите го носат товарот за своите вработени што имаат послабо здравје.

Најголемиот предизвик - отсуство од работа поради здравствени причини

Отсуството од работа носи финансиски импликации што не смеат да се занемарат.

Статистиката покажува дека загубите во продуктивност поврзани со отсуство од работа ги чинат работодавците дури 225,8 милијарди долари годишно (во САД).

Отсуството на вработените влијае на профитабилноста на бизнисите на неколку начини:

  • Плаќање за дневница на лица што земаат слободен ден од работа поради здравствени причини
  • Покривање на дел од дневницата при боледување
  • Ангажирање на привремени работници
  • Обезбедување средства за прекувремена работа на други вработени

Дополнително, отсуствата на вработените можат да го наруши работниот тек и динамиката на тимот, што доведува до намалена севкупна продуктивност.

Долгото седење пред компјутер како ризик за хронички болести

Сите сме свесни колку долгите часови седење пред компјутер има негативни последици врз нашиот грб и врат.

Но, дали знаете дека постојаното работење во седечка положба го зголемува и ризикот од хронични болести, вклучувајќи дебелина, кардиоваскуларни болести и одредени видови на рак?

Особено на ризик се вработените што немаат никаква физичка активност. Токму нивната намалена продуктивност резултира и со најголеми трошоци на работодавците.

Седечката положба влијае и врз менталната благосостојба, зголемувајќи го ризикот од анксиозност и депресија.

Fitkit

Токму лошото ментално здравје кај вработените придонесува и за намалена мотивација, помал ангажман и севкупни работни перформанси, со што на удар е успехот и профитабилноста на една компанија.

Каква улога има физичката активност во зголемување на продуктивноста и среќата на вработените?

Подобрување на расположението, намалување на чувствата на депресија, анксиозност и стрес, намалување на телесната тежина, градењето и одржувањето на силни коски и мускули, намалување на ризикот од хронични заболувања се само дел од добро познатите придобивки на редовното вежбање.

И самите бројки го потврдуваат позитивниот импакт што го има физичката активност во рамки на една компанија:

Fitkit

Придобивките од физичката активност врз вработените се повеќе од јасни.

Прашањето е: Дали Вашата компанија има стратегија за подобрување на здравјето на своите вработени?

Токму на оваа тема, изготвивме детален водич што дава една комплетна слика за потребата од воведување на велнес програми што драстично ќе ги подобрат физичката и ментална благосостојба на Вашите вработени, а тоа секако, позитивно ќе се рефлектира врз профитабилноста на компанијата.

Симни го водичот на ОВОЈ ЛИНК.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.